gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Џо Пиаца е американска колумнистка и новинарка која неодамна го издаде својот прв роман со наслов Love Rehab: A Novel in Twelve Steps, а кој почнува со раскинување.

Се работи за лесен летен роман, а за да го промовира за Ментал Флош се одлучила на едно место да собере куса историја на најдраматичните раскинувања на љубовни врски кои се случиле до сега. Ова е дел од нејзиниот избор и интерпретација:

1. Кога Тезеј ја оставил Аријадна
Во дамнешни времиња таткото на Аријадна, кретскиот крал Минос поставил чуварка на Лавиринтот. Таа се заљубила во Тезеј и му помогнала да најде излез од Лавиринтот давајќи му клопче волница. Тезеј бил благодарен, но не многу благодарен. Подоцна ја напуштил додека таа спиела на островот Наксос. Толку за освојувањето на девојка на студ.

2. Кралот Хенрик VIII не знаел како да ја остави својата сопруга Ени Болејн по три години брак, бидејќи не можела да му роди син. Освен тоа, веќе бил заљубен во роднината на Ени, Џејн Сејмур. Наместо да го смени црковниот закон кој би му овозможил да се разведе од својата нељубена сопруга, се одлучил да тужба за предавство и дозволил да и се отсече главата.

3. Кога Абрахам Линколн избегнал венчавка со Мери Овенс
Многу долго пред да стане претседател и пред да ја запознае Мери Тод, младиот адвокат Абрахам Линколн се нашол во интересна ситуација со девојка од Кентаки по име Мери Овенс. Сестрата на Мери Елизабет се обидела да ги спои, наспроти фактот дека никогаш не се сретнале. Во еден момент Линколн на Елизабет и ветил дека ќе се ожени за Мери ако таа се пресели во Илионоис. Покрај тоа и пратил многу писма за да ја убеди дека таа не сака да има ништо со него ниту пак да живее во Илиноис: Ти не си навикнала на живот, а можеби е многу посериозно отколку што можеш да замислиш – и напишал. Кога конечно ја запросил, таа го одбила.

4. Кога Мет Дејмон ја остави Мини Дривер
Дејмон и Дривер, колеги во филмот Добриот Вил Хантинг, биле во врска седум месеци кога тој на гости кај Опра изјавил дека е слободен маж. Таа вест целосно ја изненадила Дривер, која била синоним за најлош јавен прекин се додека Џенифер Анистон не и ја одзема таа титула.

5. Кога Бред Пит ја мамел Џенифер Анистон
Најлош славен прекин во историјата на славните прекини дефинитивно е тој меѓу миленицата на Америка и најсексепилниот човек на светот.

Бурата во таблоидите почна во 2005 година кога Пит ја остави Анистон поради Анџелина Џоли која била анти-Анистон. На својата прва венчавка, за Џони Ли Милер, се појавила во гумени црни чизми и бела маица на која со својата крв го напишала името на младоженецот, во момент кога илјадници жени во Америка своите фризури барале да им бидат со степенести слоеви какви што носела нивната миленичка од Пријателки.

Џоли и Пит се запознаа кога го снимаа филмот Господин и госпоѓа Смит, а гласините за нивната афера се потврдија точни кога Анистон побарала развод од Пит во март во 2005 година. По еден месец Петер Гросман од УС Викли платил 500.000 долари за папараци фотографии на Пит и Џоли на плажа во Кенија каде биле со нејзиниот син Медокс. Во јануари 2006 година Џоли објавила дека е бремена.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box