gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Ви предлагаме неколку начини како да ја ндминете својата природа, да ги откриете личните спосбности на претпоставените и да се покажете во вистинско светло:

Усовршете го говорот
Не дозволувајте Вашите идеи и изјави да звучат како прашање. Бидете отсечни во обраќањето, не зборувајте како „рането маче“, заштоако сте несигурни, ништо нема да постигнете. За да стекнете искуство за правилен, авторитетен говор, вежбајте дома.

Држете се до бројки
Интровертните личности не сакаат фалење, претерано „покажување“, но ако Вашиот претпоставен не го забележува Вашиот потенцијал, работата, резултатите и ако тоа не му се наметне – готови сте. Сепак, постои начин да ги претставите Вашите достигнувања на прифатлив начин. На прашањето дали ќе ја завршите работата на време, одговорете дека ќе биде готова два часа порано. Не зборувајте дека ќе остварите „супер продажба на терен“, туку кажете дека „продажбата ќе биде поголема за 20%“.

Обратете му се на шефот за помош
На суптилен начин побарајте помош и совет од шефот, на пример: „Дали постои подобар начин да ја завршиме работата?“. Така не ќе мора пред сите да разговарате, ќе обрнете внимание на Вашите идеи и веднаш ќе добиете повратна информација за тоа што мисли претпоставениот за Вашата работа.

Вложете во изгледот
Вашиот изглед зборува за Вас пред да отворите уста. Затоа вложете во својата гардероба, па таа наместо Вас ќе му зборува на шефот дека мислите за работата. Занемарете ги темните, сиви и земјени бои. Бирајте атрактивни парчиња, нежни, весели бои, ставете широк појас или некое ланче. Нека биде тоа Ваша практика секој ден.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box