gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Не можете да сметате на него
Нормално е дека понекогаш ќе откаже некои планови, но ако секој договор е уште една можност да откаже во последен момент, значи дека баш и не му е до дружење со Вас. Вистинското момче едвај ќе дочека да Ве види, а оној кому му е сеедно, тоа ќе го покаже токму на овој начин.

Не Ве запознал со пријателите
Тој ги знае сите Ваши пријателки, но Вие не познавате ниту една личност од неговиот живот? На момчето кому му значите во прва прилика ќе Ве запознае со своите пријатели, затоа што сака да го знае и нивното мислење. Оној кој Ве крие или не смета дека е важно да Ве запознае со нив или веќе знае дека нема да им се допаднете, со време и нему нема да му се допаѓате.

Секогаш Вие мора прва да се јавите
Не треба секогаш тој да ја испрати првата порака, но ако секогаш мора да чекате да се јави, па Вашата порака е секогаш прва, нешто не е во ред. Ако му значите, секогаш ќе се јави, а ако не, нема да му биде проблем да чека Вие да се јавите. 

Не се отворил
Тој за Вас знае сè, а Вие за него речиси ништо. Ако Ви дава само основни информации, значи дека му е сосема сеедно и дека воопшто нема потреба да се зближи. Не треба на првиот состанок да каже сè за себе, но ако по неколку месеци сеуште не знаете што сака, а што не, постои добра причина за тоа.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box