gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Еден од најпопуларните пејачи на регионалната музичка сцена, Златан Стипишиќ Џибони ќе настапи на 25 октомври 2013 за прв пат во Белград!

Со концертот во белградската комбанк арена, во организација од ААА продукции, Џибони ќе го промовира новиот албум "20th Century Man" и, исто така, ќе ги презентира најважните песни од неговите богати музички дела. Белград премиерно ќе биде домаќин на музичари, кои позади себе имаат успешна кариера која трае повеќе од 20 години.

По рекордно распродадениот концерт во Суботица 2010 година и тричасовниот спектакл кој Џибони го организира во Нови Сад 2011-та година, познатиот пејач се подготвува да го направи својот прв и долгоочекуван концерт во Белград.

На публиката која ќе биде на концерт во комбанк Арената покрај сите стари, легендарни хитови ќе имаат шанса да слушнат и нови песни.

Најголемите хитови на Џибони како "Libar", "Mirakul", "Ne odustajem", "Tempera", "Oprosti", "Žeđam", од самиот почеток беа подеднакво слушани и во Србија и во Хрватска. Секоја песна носи уникатен потпис и печат, кој, малку кој успеал да го изгради и да го зачува својот музички идентитет. Џибони е подеднакво почитуван како автор и поет, едногласно пофален и наградуван од страна на публиката и критиката за неговите албуми и песни.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode