gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Репрезентацијата на Финска е последниот ривал во групата на македонската кошаркарска репрезентација до 18 години на Европското првенство - Б дивизија што се одржува во Струмица.

По стартната победа над Унгарија, нашите млади кошаркари ги загубија двата дуела со Данска и со Полска.

Сепак Македонија има изгледни шанси за освојување на 2.место и пласман во четвртфиналната фаза.

Моменталната ситуација на табелата вели дека Полска и теоретски се пласираше на првото место, а сите останати четири екипи, во пресрет на последниот натпреварувачки ден, влегуваат со свои шанси за втората позиција која води во следната фаза. Македонија има резултат од една победа и две порази, исто како што имаат и Данска и Финска, додека Унгарија, која утре е слободна, има две победи и два порази.

Во случај избраниците на Мирза Куртовиќ да ја совладаат Финска, макар и минимално, со еден поен разлика, второто место во групата е загарантирано. Дури и Данска да ја совлада Полска во другата утрешна средба, ќе се креира круг од три репрезентации (Македонија, Данска и Унгарија) со идентични 2-2, во кој сепак Македонија ќе има најдобар кош-количник, поради високиот триумф од 12 поени во првиот меч против Унгарија.

Во случај Полска да ја победи Данска и секако при победа на Македонија на Финска, нашата репрезентација ќе има исто бодови со Унгарија, но поради подобар меѓусебен дуел ќе биде подобро пласирана.

Од друга страна, доколку Македонија загуби од Финска, тогаш ќе заврши на последното место во групата, што би значело борба за најниските позиции на првенството, односно од 17 до 22 место.

Синоќа селецијата на Финска загуби од Унгарија со 56:55.

Во групата А прва е Полска со 6 бодови, Унгарија има исто така 6, но и натпревар повеќе, по 4 бодови имаат Финска, Македонија и Данска.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode