gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Девојките само сакаат да се забавуваат. При тоа некои од нив губат контрола и стануваат интимни со фраери кои штотуку ги сретнале, без ни малку чувство на вина. Од случајни фраери само за секс, до пријатели со бенефиции, голем е изборот на партнери. Сексот авантура не мора да биде голема работа, но дали сте сигурни дека ќе можете да се носите со емоциите кога тоа веќе ќе биде направено?

„Ако може тој, можам и јас“
На мажите и жените емоциите влијаат на поинаков начин. Далеку помал број жени отколку мажи можат да имаат секс-авантура без емоционално предавање и ќе отидат неповредени. За оние кои тоа не го можат, секогаш постои опасност да останат емоционално скршени. Пред да се препуштите на моментот размислете дали можете тоа да го поднесете без последици, исто како и тој.

„Слободна сум, можам да имам секс-авантура“
Често ваквиот секс е одраз на болни врски и раскинувања, затоа не сакате да бидете ранливи како во долга врска. Веројатно сеуште чувствувате нешто за поранешното момче и настојувате да се ослободите од нив со менување партнери. Размислете кога ќе влетате во авантура за да ја пополните празнината. Исто така, знаеме дека веројатно бегате да не бидете повторно повредени. Паметно е да се расчисти сè поврзано со минатото, како би можеле слободно да побарате авантура.

Мажите можат да се носат со тоа
Ако некој маж Ве привлече, а при тоа сте оствариле одлична комуникација со него, тогаш тој може да се обиде колку далеку може да оди. Ако сескот с случи прерано, тој ќе се прашува дали и со други сте завршиле веднаш во кревет како и со него. Всушност, што порано „попуштите“, помалку припадници на посилниот пол ќе планираат сериозна иднина со Вас.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box