gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Најновата анкета која заеднички ја направија магазинот „Vanity Fair“ и американското ТВ шоу „60 Minutes“ открива на кој начин мажите размислуваат за жените, односно какви квалитети мажите бараат во жените. Судејќи според резултатите, идеална жена од машка перспектива е онаа која има изразен мајчински инстинкт и завидна интелигенција.

Дури 40% од испитаниците ги избрале мајчинските инстинкти, а 33% памет. Околу 17% сметаат дека кај жените им е привлечна смислата за хумор. Интересно е дека само 3% од испитаниците ги истакнале сексуалните вештини како важен квалитет, а ист процент од нив смета дека е важно жената да знае убаво да готви.

Иако оваа анкета до некаде им откри на жените што им е важно на мажите кај понежниот пол, сепак на крај жените останале збунети. Имено, повеќето испитаници како идеална жена ја посочиле слатката блондинка Пени од серијата „The Big Bang Theory“ која баш и не може да се пофали со мајчински инстинкт, а ни памет.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box