gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Еве 5 работи кои се пресудни за оставање добар впечаток на првиот состанок:

Како да се облечете 
Треба да бидете облечени неформално. Со неформалното овлекување ќе изгледате природно и опуштено.

Локација
Не одете на некое сериозно место. Треба да бидете креативни и оригинални. Никако немојте да одите на вечера или да гледате филм, освен ако тој филм не го гледате во Вашиот стан. Тоа е многу подобро отколку клише-излегување во ресторан или кино. И клишето би успеало, но не е ништо ново, а Вие не треба да го правите она што сите го прават, туку да бидете оригинални и да ја освоите личноста со која се состанувате.
 
Разговор 
Ова е најважниот дел од состанокот. Не е толку важно каде ќе одите ако меѓу вас постои хемија и ако разговорот лесно оди. Токму неможноста да разговарате со партнерот е најголем минус за одење во кино на првиот состанок. Со разговорот треба да изградите привлечност, хемија и приврзаност.
 
Кој плаќа?
Нејдобро е да се држите до добриот стар обичај и да го оставите мажот да плати. Ако продолжите да се гледате, понекогаш изборете се со него и платете Вие, но во повеќето случаи дозволете му тој тоа да го направи. 

Разделба
Треба ли да се бакнете? Да се прегрнете? Сè зависи од хемијата и блискоста која сте ја оствариле за време на состанокот. Ако чувствувате приврзаност и ако за време на состанокот сте флертувале, тогаш бакнежот е природен развој на ситуацијата. Ако не сте сигурни дали треба да го направите првиот чекор и да тргнете први да го бакнете партнерот, тогаш немојте. Наместо тоа, бакнете го во образ. Бакнежот во образ е половина пат до бакнежот во уста и руши уште една бариера, додека со прегрнувањето нема да постигнете апсолутно ништо. 

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box