gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Ве поддржува
Во сè што посакувате. Ако сакате да станете астронаут, тој ќе рече дека е со Вас (и подоцна разумно ќе објасни зошто тоа можеби е невозможно).Вистинскиот маж им дава поддршка на жените во својот живот, а тие покрај него се чувствуваат дека се способни за сè.

Знае да се игра со деца
Маж кој знае нешто да направи со дете, наместо збунето да гледа во него, сигурно ќе биде многу добар татко. Без разлика дали сакате дете или не, убаво е да знаете дека покрај себе имате маж кој не заборавил дека и самиот некогаш бил дете.

Добар е со рацете
Не дека мора да знае да состави велосипед од нула, но во секој случај не е лошо да знае малку повеќе од менување сијалица. Ако некогаш Ви се расипе автомобилот, убаво е да знаете дека сте во друштво на некој кој нема само да седне на хаубата и да плаче.

Има манири
Многумина велат дека џентлмените му припаѓаат на минатото, но грешат. Тоа е нешто што секогаш е во мода, а мажот кој ќе Ви отвори врата од автомобилот, кој ќе го поттргне столот или само ќе Ве испрати до дома е многу подобар од оној кој не ги прави овие работи.

Ве слуша
Не само кога зборувате за него или за секс, или за начинот на кој е одличен во кревет. Зборуваме за маж кој ќе запомни кога Ви е роденден и која песна Ви е омилена, дури ќе запомни и кога Ви е годишнината.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box