gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

На ракометното игралиште „Женска плажа“ во Струга утре почнува 41. Меѓународен  ракометен турнир „Струга 2013“.

Покрај домаќинот Струга, на 41. издание на турнирот ќе учествуваат македонските екипи Металург и Вардар, белорускиот Брест Мешков, романска Констанца и француските Иври и Версај.

Натпреварите ќе се играат во вечерните часови. Според утврдениот календар традиционалниот турнир ќе почне во 18 часот и 30 минути со дуелот меѓу минатогодишниот победник Металург и домаќинот Струга. По свеченото отварање најавено во 19 часот и 45 минути следува натпреварот меѓу Вардар и Констанца, а од 22 часот силите ќе ги одмерат Брест Мешков и Версај.

Следниот ден ќе се одиграат натпреварите меѓу Иври - Констанца (18:45 часот), Металург – Брест Мешков (20:30 часот) и Струга – Версај (22 часот). Во петок, на 16 август ќе играат екипите на Вардар – Иври (18:45), Металург – Версај (20:30) и Струга – Брест Мешков (22:00).Последниот ден од турнирот се предвидени натпреварите за пласман. Финалниот натпревар е закажан за сабота во 21 часот.

Струшкиот ракометен турнир е една од најзначајниот македонски спортски манифестации, која според најавите на организаторите, во иднина треба да прерасне во еден од најсилните клупски собири во Европа.

За следната сезона се планира учество и на хрватскиот шампион Загреб КО, како и на по една екипа од Германија и од Унгарија со што турнирот во Струга би добил крајно квалитетен европски изглед

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode