gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Карла Бруни (45) можеби повеќе не е прва дама на Франција, но поранешната манекенка и понатаму привлекува големо внимание во јавноста. Таа даде изјава за американската ТВ станица Си-Ен-Би-Си (CNBS) и прв пат зборуваше за нејзината врска со Никола Саркози (58), поранешен претседател на Франција.

Тие се венчаа само три месеци откако се запознале на една вечера во Париз и неполн месец откако Сакрози се разведе од втората сопруга Сесилија.

- Беше тоа љубов на прв поглед. Морам да кажам дека заедно заминавме од вечерата. Другите гости биле изненадени, а ние се венчавме после три месеци, рече Карла, која има син од врската со еден филозоф. Никола од првите два брака има три сина. Тој и Карла во октомври 2011 година ја добија ќерката Џулија.

- Не знам што ме привлече кај Никола. Неговата интелегенција, харизмата, љубезноста, начинот на кој зборува. Почувствував олеснување кога Никола изгуби на претседателските избори во 2012 година од Франсоа Оланд.  Бев среќна што заминуваме од Елисејската палата каде поминавме пет години. Тој сега има заслужен одмор и се враќаме на нормалниот живот. Имаме повеќе време за децата. Немаме повеќе притисоци и уживаме во семејниот живот, додаде Карла Бруни.

Убавицата откри дека на последниот албум ја сними песната „Мој Рејмонд“ и дека е посветена на Саркози.
- Тоа е љубовна песна. Го опишува мојот сопруг и тоа како го гледам и што чувствувам кон него. Тој е јавна личност, а песната како да изнесува дел од приватноста во јавноста, тврди Карла

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box