gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Придржете и ја вратата и подарете и цвет. Пораката ќе биде јасна. Каков е патот до женското срце? Некој ќе рече дека е полн погодок да ја одведете во шопинг и да плаќате вечери, додека некои ќе знаат дека вистинската привлечност е во неговите кавалерски манири!

Имено, така гласи заклучокот од неодамна спроведената анкета помеѓу Британките, кои со 60% од гласовите одлучиле дека на нивните срца им одговараат мажи со убави манири кои им припаѓаат на 50-те години од минатиот век. Тие со задоволство би се забавувале со маж од тоа време отколку со современо момче.

Во што е привлечноста на старомодните мажи?

За разлика од сегашните момчиња, тие од 50-те биле подготвени на дамите да им ја придржат вратата, да станат кога жена ќе влезе во просторија или да и помогнат околу работите што ги носи. Исто така, денешните дами проценија дека тогашните мажи подобро се облекувале, не носеле фармерки и патики, туку уредни одела со вратоврска.

Така, 82% од испитаничките повеќе би сакале мажот да им ја придржи вратата отколку да ги почести со пијалок. 

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box