gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Победникот на минатонеделниот турнир во Монтреал, Рафаел Надал со многу напори синоќа го совлада Григор Димитров за пласман во четвртфиналето. Надал славеше победа од 2:1 во сетови (6:2; 5:7 и 6:2) и со тоа воедно се избори за меч со Рожер Федерер.

Ниту Федерер немаше лесна задача во 3.коло бидејќи и тој во три сета (2:1) успеа да слави победа над Томи Хас.
За разлика од нив двајцата Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј немаа проблеми со своите ривали.

Ѓоковиќ на Давид Гофин му препушти само два гема (6:2 и 6:0), додека Мареј го победи Жулиен Бенето со 6:2 и 6:2. Тешка победа од 2:1 во сетови постигна и Хуан Мартин Дел Потро против Фелицијано Лопез.

Денеска на програмата се четвртфиналните дуели каде секако најголемо внимание привлекува пресметката Надал - Федерер, а играат уште Ѓоковиќ - Џон Изнер, Дмитри Турсунов - Дел Потро и Мареј - Томаш Бердих.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode