gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Рафаел Надал и Викторија Азаренка се победници на турнирот во Синсинати во двете конкуренции што синоќа заврши. Шпанецот Надал во финалето го победи американецот Џон Изнер со 7:6 во двата сета.

Првиот тај брејк Надал го доби со 10:8, а вториот со 7:3. Ова беше меч во кој ниту еден тенисер не успеа да направи брејк.

За Надал победата во Синсинати беше негов 59.ти триумф во кариерата или 9.ти оваа година.
Надал со новите бодови се проби на второто место на АТП листата.

Неизвесен меч се одигра и во женското финале во кое Викторија Азаренка од Белорусија ја совлада американката Серена Вилијамс со 2:6; 6:2 и 7:6 (8:6) по сетови. Во 15.тиот меѓусебен дуел со Серена Вилијамс, Азаренка ја постигна само третата победа.

За Азаренка ова беше трета титула сезонава или 17.та во кариерата. На врвот на ВТА листата нема промени Вилијамс е прва, пред Азаренка и Марија Шарапова.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode