gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Научниците од Универзитетот во Минесота заклучиле дека уредувањето на просторот во кој работиме ни влијае на изборот на нашата закуска.

Никако не може да успеете да одолеете на закуските на работното место? Можеби воопшто не е виновен вашиот слаб карактер кога станува збор за овие погрешните но вкусни подигнувачи на енергија на вашата работна маса!

Во неорганизиран работен простор луѓето се повеќе подложни на конзумирање на нездрави закуски, според една студија направена на Универзитетот во Минесота.

Истражувачите сакале да знаат колку уредниот или неуредниот простор влијае на луѓето, и по случаен избор селектирани се 34 студенти да учествуваат во ова истражување.

Студентите учествувале во различни тестови, од кои на едниот од тестот им било понудено на учесниците избор помеѓу јаболко или чоколадо по напуштањето на работниот простор.

Додека 67 отсто од оние кои биле во соодветно средена канцеларија избрале јаболко, 80 отсто од оние кои биле во несредена соба, избрале чоколадо.

Прашањето кое се поставува сега е - која е причината зошто ние ја избираме здравата храна, кога нашата канцеларија е средена? Научниците тврдат дека добро организираниот простор ги поттикнува луѓето да донесуваат поразумни и подобри решенија.

Сепак, интересен факт откриен од страна на истражувачите во текот на студијата е дека неуредниот работнен простор, имено преполн, ја зголемува креативноста, која е причината зошто таков простор бил наречен креативен хаос.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box