gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Ракометните шампиони на Македонија во двете конкуренции, машката и женска екипа на Вардар денеска ги почнуваат натпреварите на два турнира во рамки на подготовките за новата сезона.

Девојките во „црвено-црни“ дресови ќе настапат на турнир во Ѓер, Унгарија кај европскиот шампион Ѓер. Вардарки се во група со Крим од Словенија и со Мец од Франција, а во другата група играат: Лајпциг од Германија, Ростов од Русија (потенцијален противник во групата од квалификациите) и домаќинот Ѓер.
Вардар денеска во 17 часот игра против Крим, а утре од 15 часот противник им е Мец. Во недела е дуелот за пласман со една од екипите од другата група.

Машката екипа на Вардар, е во Брест, Белорусија и ќе настапи на турнир, на кои играат четири екипи. Денеска противник им е рускиот првак Чеховски Медведи (почеток 15 часот), утре играат против домаќинот Брест Мешков (почеток 16:30 часот) и во недела против украинската екипа Запорожје (почеток 10 часот).

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode