gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Како што постојат зборови кои можат да ја уништат вашата врска или брак, исто така има зборови, кои може да ја зајакнат врската и да направат да бидете уште поблиски со вашиот партнер.

Во продолжение на овој прилог можете да прочитате кои се овие зборови.

 1. Те молам! - По некое време партнерите почнуваат да заборават да се ценат едни со други и тие забораваат на најважните зборови со кои ќе покажат почит и пристојност. Значи колку и да заборавате на овие зборови трудете се што почесто да ги користите.

 2 Ти благодарам! - Ретко го користиме без оглед на тоа за кого станува збор, но со овој збор ќе му покажете на вашиот партнер дека го почитувате и дека го цените она што тој го прави за вас.

 3 Жал ми е! - Кога партнерите веќе долго време се забавуваат или се во брак забораваат да му кажат на партнерот "Жал ми е", кога тие не се во право. Главно се случува да си пркосат едни со други и ретко го користат овој збор. Сега имате причина да го користите често.

  4 Те сакам! - Иако тоа се подразбира, вашата врска ќе биде посилна кога ќе му кажете “те сакам” на вашиот партнер и тоа ќе значи многу за него.

 5 Како? - На овој начин ќе започнете разговор со вашиот партнер и ќе се обидете да дознаете што и како тој мисли. Многу е важно во секој однос да постои комуникација.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box