gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Сандра Булок и Џорџ Клуни заедно прошетаа по црвениот килим на Венецискиот филмски фестивал за промовирање на нивниот најнов заеднички филм, "Гравитација".

Модните критичари оценија дека Булок никогаш не изгледала подобро, особено го пофалија нејзиниот избор на фустан за оваа прилика.

Клуни на црвениот тепих ја шармираше колешката, ја бакна нејзината рака, а потоа и двајцата од нив позираа за фотограферите, не симнувајќи ја насмевката.

Тие во новиот трилер играат астронаути кои се соочуваат со катастрофа во нивниот вселенскиот шатл, а потоа се обидуваат безбедно да се вратат на Земјата.

Филмот "Гравитација" пристигнува во кино салите на 4-ти октомври, а снимен е во 3D. Режисер на филмот е Алфонсо Куарон.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode