gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Оскаровецот Џек Николсон „ќе замине во пензија“ и повеќе нема да снима филмови, затоа што има проблеми со помнењето на дијалозите, тврди интернет сајтот „Радар Онлајн“.

Неименуван извор за сајтот изјавил дека Николсон „се повлекува во мир и тишина“.

- Постои едноставна причина за тоа - проблеми со помнењето. Тоа повеќе не му е како што беше некогаш, додал истиот извор.

Последен филм што го сними Николсон беше „Како знаеш“ со Риз Витерспун, Пол Руд и Овен Вилсон во 2010 година.

Николсон има 12 оскаровски номинации, а доби два Оскари за главна машка улога во филмовите „Лет над кукавичкото гнездо“ и „Најдобро про може“, како и за споредна машка улога за „Време на нежност“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode