gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Познатата холивуска актерка со англиска адреса, 40-годишната Гвинет Палтроу, призна дека поради лошото искуство со постпородилната депресија повеќе не размислува за проширување на семејството.

Пред седум години, кога го роди синот Мосес, Гвинет Палтроу се борела со постпородилната депресија и сега заради таа причина повеќе не размислува да има други деца.

- Би сакала да имам уште едно дете, но мислам дека повторно би немала нерви за менување пелени, откри актерката во своето најново интервју, признавајќи дека после раѓањето на првото дета и било многу тешко, и тоа и оставило горчлив вкус во устата.

- Кога мојот син се роди паднав во тешка депресија и ми беше чудно затоа што тоа не се случи после раѓањето на моето постаро дете, после чие раѓање бев многу среќна. Сепак, кога се роди Мосес ми требаше една година да ја надминам депресијата, призна актерката.

Инаку, таа и пред постпородилната депресија имаше психички проблеми. Во 1997 година ја прекина врската со Бред Пит, по што се чувствувала многу лошо, а во 2002 година после смртта на обожаваниот татко „падна“ во клиничка депресија.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode