gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид оваа седмица ќе се прикажува серија документарни филмови посветени на Охрид. Првиот документарен филм носи наслов „Охридско Езеро“ создаден во далечната 1958 година од „Вардар филм“ од Скопје.

Десетминутниот филм говори за природните убавини на Охридското Езеро, стариот град и чаршијата со старата архитектура и археолошките наоди во Охрид. Награден е во 1959 година на фестивал во Пула, а камерманот Киро Билбиловски за него освои прва награда на Туристичкиот сојуз на Југославија.

Во рамки на ревијата македонски документарни филмови, охриѓани ќе имаат можност да го видат документарецот „Дванаесетте од Папрадник“ во производство на „Вардар филм“, изработен во 1965 година во режија на Димитрие Османли. Приказната за трубадурите во Охрид, за Климе Садило и неговиот тајфа, за историјата на охридската чалгија, за Охрид во 20-от век, за езерото, за боемите и серенадите е содржана во 30-минутниот филм со наслов „Охридски трубадури“. Работен е со дигитална технологија во 2005 година во произвоство на Про Артс, Фабрика.

Документарците ќе прикажуваат од утре до 20-ти овој месец, со почеток на проекциите од 20 часот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode