gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Во едно британско истражување со кое беа опфатени околу 200 мажи, поголемиот број од нив како најголем „страв“ ја наведоа ќелавоста, па дури потоа импотенцијата.

Како трет најчест страв кај „посилниот пол“ се најде лошиот здив, добивање килограми и лошиот вид, односно носењето очила за вид. Во оваа студија, учесниците одговараа што најмногу ги загрижува кога станува збор за стареењето.

Дури 60 отсто од нив се плашат дека ќе ги изгубат забите, третина од испитаниците се плашат на губењето слух, 24 отсто се грижат дека ќе имаат лош здив, додека 64 отсто од мажите стравуваат дека ќе се здебелат кога ќе бидат во одминатите години.

Ако сте мислеле дека единствено дамите се грижат за побелена коса, сте погрешиле - ова е голема грижа и за три четвртини од испитаните мажи, а 45 отсто од нив се плашат од постоењето на можноста дека ќе им бидат потребни очила за вид.

Од друга страна, додека е вообичаено губењето на косата кај жените да се доживува трагично, од машкиот дел од популациајта најчесто се очекува тоа да го прифатат без драми и со насмевка ги прифатат шегите на своја сметка кога станува збор за губењето на костата. Сепак, ова истражување покажа нешто друго.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box