gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Процесот  на вљубување во некое лице трае помалку од една секунда. Всушност, треба само една петтина од секундата да почувствувате дека ве погодила Аморова стрела.

Студиите покажаа дека процесот на вљубување е сличен на тој кога некој користи кокаин. Кога лицето ќе се вљуби, 12 подрачја на мозокот почнуваат да работат заедно и да произведуваат допамин, адреналин, окситоцин и вазопресин, кои се ослободуваат во исто време. Овие хемиски супстанци се одговорни за она будалесто и слатко чувство.

Ова откритие го покрена прашањето, дали се вљубува нашето срце или мозокот?

Според мислењето на истражувачите на Универзитетот Сиракуза, тоа навистина е работа на мозокот, а не на срцето. Тоа го утврдиле така што направиле магнетна резонанца на мозок на волонтер за да утврдат како се испуштаат наведените супстанции кога едно лице ќе се вљуби.

Заклучиле дека срцето е само концепт за кој ја поврзуваме вљубеноста. Дури и ефектот на пеперутки во стомакот, е само последица од мозочната акција на испуштање на адреналин.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box