gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Миленикот на македонската публика, Оливер Драгоевиќ доаѓа на концерт во Скопје на 29 ноември, во Арената Борис Трајковски од 21 часот.

Концертот го организира агенцијата "Гуливер", добивме информација дека Петар Грашо нема да настапува на концертот а специјална гостинка ќе биде Дорис Драгоевиќ.

Повод на концертот, кој организаторот го најавува како романтичната далматинска вечер со мирис на Јадранот во Скопје, е новиот албум на Драгојевиќ "Тишина на морето" (Тишина мора).

Оливер е најпознатиот хрватски кантавтор на сите времиња, со богата кариера која започна во 1967 година.

Повеќекратен фестивалски шампион, особено во неговиот Сплит, со 21 студиски албум зад себе, 5 албуми во живо и 10 комилациски изданија.

Билетите за скопскиот концерт ќе бидат во продажба од 5 октомври.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode