gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Љубовната приказна меѓу Лариса и Ијан го обиколи светот и ја врати вербата во љубов дури и кај најразочараните.

- Ијан и јас се сретнавме во 2005 година на факултет и имавме можност подобро да се запознаеме во следните десет месеци. Интензивно се дружевме за време на тие месеци, го започнува раскажувањето на својата љубовна приказна Лариса Марфи.

Во тој период оваа двојка веќе почнала да размислува за брак. Но тогаш Ијан доживеал сообраќајна несреќа кај Питсбург, по која останал неподвижен.

- Примивме повик дека доживеал сообраќајна несреќа. Не знаевме дали тоа се случило кога одел кон работа или кога веќе стасал таму, па дојдовме во Питсбург. Јас по целиот пат во автомобилот се молев мозокот да не му е оштетен, вели Лариса.

- Откако минавме неколку часа во болница, дознавме дека сепак главата е во прашање и оти претрпел травматска повреда на мозокот. Господ го поштеди неговиот живот, додава Лариса.

Потоа таа се вселила кај неговото семејство и учествувала во секој чекор од седумгодишното опоравување на Ијан.

- Правев се што можев за животот да му биде интересен. Излегувавме на состаноци и кога гледам наназад, сигурно на останатите сме им изгледале чудно бидјќи тој не можеше ни да зборува, ни да јаде самостојно. Но ни беше супер и јас цело време разговарав со него, прераскажува таа.

И покрај тешката ситуација, Лариса не губела надеж дека Ијан ќе се опорави па ќе стапат во брак.
- Знам дека пред несреќата сериозно размислуваше за брак, па дури бараше и прстен. Знам на кој начин размислуваше, па тоа многу ми помогна кога не можеше да зборува. Знаев дека ме сака и во која насока сака оваа врска да напредува, бидејќи имавме многу интензивна врска, вели Лариса.

Одлучивме дека не можеме да размислуваме за бракот како опција додека Ијан не биде способен да комуницира, но дека кога ќе може да зборува ќе се венчаме. Знаев дека се ќе биде поинаку, но се додека Ијан може да разговара со мене, бракот може да успее. Затоа, кога Ијан почна да комуницира со мене, се отвори таа можност и од тогаш гледавме како Ијан напредува, раскажува Лариса.

Во меѓувреме, на таткото на Ијан, кој цело време заговарал брак меѓу својот син и Лариса, му е дијагностициран тумор на мозокот, па не доживеал да ја види свадбата на синот.

Се венчаа на отворено, опкружени со своето семејство и пријателите. Не можеа да го танцуваат својот прв танц. Иако Лариса вели дека се значително поинакви од останатите двојки, таа верува дека можат да пребродат се, бидејќи многу се сакаат.

- Ијан не би ме напуштил ни во случај да ги замениме улогите, потенцира таа.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box