gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Македонската филхармонија вечер ќе одржи концерт посветен на руските симфоничари. Оркестарот ќе го води диригентот Емил Табаков, а како солист ќе натапи бугарскиот виолинист Светлин Русев, победник на голем број престижни меѓународни натпревари.

Светлин Русев настапува на познати светски сцени, членува во жири на голем број меѓународни натпревари и е концертмајстор на Филхармонискиот оркестар на Радио Франција и редовен професор на Високиот конзерваториум за музика и танц во Париз.

На вечерашната програма се Концертот за виолина и оркестар на Петар Илич Чајковски, кој е меѓу најоимилените на публиката и столб на железниот виолински репертоар, и Симфонијата бр. 2 на Сергеј Рахмањинов.

Концерот ќе се одржи во Македонската опера и балет.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode