gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Со пијано-вечер „Музиката продолжува“, посветена на педагогот Снежана Анастасова-Чадиковска, во Музеј на град Скопје ќе почне 14-тата манифестација „Есенски музички свечености“, која ја организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје. Ќе трае до крајот на месецов со настапи на домашни и странски уметници.

На вечерашниот концерт ќе настапат постдипломци и професори кои ќе изведат дела од Шопен, Бах, Дебиси, Равел. Во Музејот на Град Скопје утре ќе биде претставен проектот „Песни“ на тенорот Михајло Арсенски и пијанистката Милица Шкариќ, кој е посветен на творештвото на соло песни за глас и клавир.

На 8-ми и 9 ноември во Културно-информативниот центар во Скопје, во рамки на оваа манифестација, ќе се одржи „П.С. Гитар фест“ на кој ќе гостуваат музичари од Црна Гора и Бугарија, а на 15 ноември „Дуо Скупи“ ќе се претстави со перформансот „Македонски звуци“.

На годинашните „Есенски музички свечености“ концерт ќе имаат студентите на Факултетот за музичка уметност посветен на јубилеите на Драгослав Ортаков, Александар Лековски, Драган Шуплевски и Ристо Аврамовски, ансамблот од Швајцарија „Пре-арт“, КУД „Илинден“ од Битола со фолклорна вечер „Земи здив, заиграј!“, ансамблот „Фонтана“, интернационалното трио „Г.А.П“, чиј албум „Affetuosso“ снимен за дискографската куќа „Оникс класикс“ беше прогласен за најдобро издание во Европа, потоа загрепскиот ансамбл на флејти „Заф колажи“, танцовиот   проект на „Хе, Хе, Хелиум“ и за затворање на манифестацијата - „Мечтаеме со звукот на флејтата“ на Страшо Темков и „Скопје лејдис оркестра“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode