gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Кога ќе дојде викенд, многу мажени жени се свртуваат кон своите најблиски пријателки за да го поминуват времето на што попријатен начин.

Од 3.000 анкетирани жени, секоја трета изјави дека предност дава на друштвото со жените кои им се мили. Кога е во прашање шопинг, две од три велат дека попрво ќе одат со пријателката отколу со мажот, затоа што жената знае подобро да ги посоветува, а притоа не се жали поради цената на некои артикли, пренесува „Вечерње Новости“.

Одењето во салон за убавина, оброк или само филџан кафе испиено во друштво со пријателката се наоѓа веднаш зад шопингот, на списокот на најпопуларните женски активности а време на викендот.

Речиси половина од испитаничките се пожалиле дека нивниот партнер не е лице во чие присуство можат слободно да разговараат, а десет отсто признаваат дека неможат да се однесуваат онака како што сакаат со партнерот  близу до себе, како што може во друштво на пријателката.

Своите женски пријателства ги сметаат за голем успех, а многу од нив траат и подолго од 35 години, кај некои дури од градинките.

На многу претставнички од понежниот пол, пријателките им биле најголема поддршка во тешките животни моменти. Поголем број на жените своите проблеми попрво би ги споделиле со пријателките отколку со сопругот, што според зборовите на психологот, Џон Фостер, би требало да го загрижи посилниот пол.

Речиси 90 отсто од жените тврдат дека пријателките повеќе се заинтересирани за квалитетот на нивниот живот, отколку нивните брачни партнери, па не е чуден фактот, што дури половина од жените своите пријателки секогаш ги ставаат пред партнерот и неговите проблеми.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box