gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Џентлменските гестови како што се отворање врата, поместување на столчето во ресторан, придржување капут, некогаш беа работи кои ги воодушевуваа жените. Но повеќе не. Сега голем број жени таквото однесување го сметаат навредливо.

Џентлмените се речиси „изумрен вид“, а причина за тоа е што мажите се збунети. Додека голем број девојки се воодушевуваат од убавите манири, други ќе бидат изнервирани од таквото однесување.

Само еден од седум мажи ќе и понуди место на дама во јавниот превоз, а три четвртини од нив велат дека никогаш нема да и помогнат на жена да и ги носи торбите или некој физички товар.

Од друга страна, една од 25 дами се чувствува засрамено кога момчето има „застарени манири“, а седум отсто од нив ваквото однесување го доживуваат како сервилно или премногу заштитничко.

Дека има се помалку кавалери, покажува и податокот дека за само еден од пет мажи се подразбира дека ќе и го помести столчето во ресторан за да и помогне да седне. Но истражувањето покажа и дека се ретки мажите кои би сакале дамата кон нив да се однесува „џентлменски“. Додека тројца од петмина мажи велат дека навистина би ценеле ако жената им ја отвори вратата, само третина од нив со задоволство би седнале на местото кое жена би им го отстапила во јавниот превоз. Еден од пет мажи би се засрамил од ваков гест.

- По се изгледа постои неразбирање кога станува збор за тоа дали и кои џентлменски гестови ги ценат жените, поради што мажите се збунети и не знаат како да се однесуваат, изјави психологот и експерт за врски Дона Досон.
- Ова истражување покажа дека постојат малку работи кои мажите ги прават, а жените исклучително ги ценат.

Сепак, мажите се збунети од поимањето на „модерна жена“, која сака да биде третирана како еднаква на мажите.
Психологот им советува на дамите сепак да го уважат трудот кој мажите го вложуваат во кавалерското однесување, со цел да ги охрабрат почесто да се однесуваат како џентлмени.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box