Напишано од Надица Вторник, 10 Декември 2013 11:27
Во Германија постои цело богатство од разни други заедници – од незаконски бракови, т.н. patchwork семејства, хомосексуални партнерства...
Институцијата брак, нејзината вредност и општеството вооошто како и класичната слика на семејство – мајка, татко, деца, во Германија се зацврсти со развојот на граѓанското општество во доцниот 18 и 19 век.
Во текот на периодот на националсоцијализмот во Германија оваа слика не само што се зацврсти туку стана и апсолутен идеал кој не трпел ниту најмали измени. Истополните бракови не биле дозволени и биле законски забранети.
Промената настапи дури по Втората светска војна, кога сликата на идеално семејство сакала или не, морала да се промени. Мајките биле тие кои во сплет на околностите самите морале да ги воспитуваат и чуваат децата, да поднесат одговорност, да заработуваат и да се грижат околу домаќинството.
Меѓутоа, состојбата во Германија почнала радикално да се менува во текот на 70-тите години од минатиот век. Промените кои тогаш почнале да се случуваат во германското општество, не го заобиколиле семејството, а ни брачните заедници како такви.
Резултатот кој веќе тогаш можел да се забележи, е присутен и денес. Освен класичното семејство и бракови, во Германија постои цело богатство разни други заедници – од незаконски бракови, т.н. patchwork семејства, хомосексуални партнерства итн.
Класичниот брак повеќе не е единствен
Сите тие форми на врски од 2001 година со воведувањето на Законот за животни партнерства, станаа општествено и законски признати. Со законот пред се, одредени права добиле токму истополните заедници. А за да влезат во чекор со времето и промените кои се случувале, Евангелистичката црква во Германија во јули оваа година објави еден вид на помош при ориентација по прашањето на позиција брак и семејство. Овој документ предизвика цела бура реакции и отвори не само дискусија туку и спор.
За што воопшто се работи?
160 страни текст носат име – Меѓу автономијата и упатеноста едни на други – да се зајакне семејството како заедница на која можеме да сметаме.
Текстот е напишан од греми експерти кои на него работеле од 2009 година, а упатен е на здружение составено од 20 германски покраински евангелистички цркви. Се работи за став на Евангелистичката црква на Германија кон бракот и семејството. Но, она што предизвика бура е изјавата дека оваа Црква ги признава сите облици на семеен живот, вклучувајќи ги и истополните партнерски заедници како и т.н. patchwork семејства. Според тоа, класичниот брак како таков повеќе не може да важи како единствена форма.
Овој текст веднаш го поздравија припадниците на либералната црква со аргумент дека Евангелистичката црква конечно направила чекор кон прилагодување на модерното општество; чекор кој всушност одамна требало да биде направен.
Масовни протести
Меѓутоа, конзервативните струи го критикуваат овој текст наведувајќи дека му недостига токму тоа што го ветува во самиот наслов – ориентација. Тие наведуваат дека на текстот пред се недостасува – потврда од христијанската слика за бракот и семејството како за сојуз со Господ.
Некои отидоа дури толку далеку, па основаа и една посебна иницијатива со која од Евангелистичката црква во Германија и нејзиниот претседател Шнајдер бараат повлекување на текстот. Нивниот аргумент е дека авторите на наведената помош при ориентацијата, всушност сакаат да го укинат поимот семејство воопшто, т.е. да го прошират или омекнат толку, колку што му одговара на некого.
Овој став го застапува и претходникот на Шнајдер, поранешниот берлински бискуп Волфганг Хубер.
- Бракот е божји дар и се темели на божји благослов. Како таков тој мора да ужива етичка предност пред другите, па поради тоа не е можно да се укине... Сето тоа во текстот воопшто го нема – рече Хубер.
Но, освен чисто теолошки, т.е. етичко морални приговори, постојат и други видови на критики и забелешки. Така на пример, теологот и психотерапевт Ролф Трауернихт наведе дека би му било помило наведениот текст некаде да содржи и совети на кој начин некој брак може да успее.
Бракот сепак не е застарен модел
Кон крајот на септември оваа година Евангелистичката црква на Германија одржа научен сипмозиум за теолошки прашања поврзани со оваа тема. На него четворица теолози навистина го дијагностицираа недостигот на теолошки дискурс. Претседавачот на Евангелистичката црква на Германија Шнајдер сепак потенцира дека текстот во секој случај го претпоставува фактот дека семејството и понатаму ќе остане основа на оваа Црква, како и дека намерата била да се изрази почит кон напорите кои ги прават самохраните родители и членовите на т.н. patchwork семејства.
Дискусијата трае и понатаму, а нејзината развршница се уште е неизвесна.
Последни објавени во оваа категорија
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- И името влијае на квалитетот на љубовниот живот
- Пет работи кои не сте ги знаеле за бакнувањето
- Изненадувачки и помалку бизарни факти за неверството и измамата
- Сузан Сарандон ја раскина врската со 30 години помладиот партнер
Најчитани во оваа категорија
- Како да знаете дека ТОЈ ВЕ САКА
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- 10 квалитети кои мажите ги бараат кај жената
- Секси поза која ја сакаат 89% од мажите
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- Како функционира машкиот мозок: 3 тајни кои науката не ги објаснила