gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Во сезоната на празниците сите се гледаме со семејствата и роднините, а кога не сте двојка, средбите со семејството може да бидат напорни. Многумина доаѓаат на семејно собирање во двојки, но што да правите ако доаѓате сами, односно ако не сте во врска и немате партнер?

1. Донесете одлука сами
Кој вели дека морате да одите кај секој роднина во текот на празниците? Дали вашите родители смртно ќе се навредат ако не одите кај нив? Многу луѓе мислат дека мораат да исполнат сечии очекувања во текот на празниците, но, всушност би требало да се фокусирате само на она што го сакате. Направете што сакате, затоа што поубаво ќе се чувствувате ако се ослободите од тежната дека нешто морате да направите.

2. Изпирање интересни активности
Секако, не би требало да го одбегнувате семејството само затоа што сте сами и само затоа што некои ваши роднини ќе се појават во друштво на своите партнери. Ако веќе одлучите да се појавите на собирање, испланирајте и некои активности за себе - одете на јога, закажете маникир и педикир, одите во спа центар или направите нешто друго што знаете дека ќе ви биде пријатно.

3. Пораснете
Кога ќе се вратите дома, многу е лесно повторно да почнете да се однесувате како тинејџер, без оглед на тоа колку години имате. А кога се однесувате како тинејџер, постои опасност и да размислувте како да сте тинејџер - да заклучите дека „вашиот живот е никаков“ и слично. Поради тоа однесувајте се согласно на своите години. Помогнете им на родителите во куќата да се подготват или однесете ги една вечер во ресторан за да се опуштат. Преземете ја контролата.

4. Подготвено сценарио
Колку и да се обидувате да ја одбегнете таа тема, некои од роднините сигурно ќе ве прашаат дали имате момче/девојка. Одговорите од типот на: „сите добри се зафатени“ или „со сите кои сум била се идиоти“, можат да бидат погрешно сфатени и можат да предизвикаат нови прашања со кои уште подлабоко влегуваат во вашата интима. За да ги избегнете „терапиите“ со разговор кои широкоградо ви го нудат роднините, променете го своето сценарио и речете дека „уживате да излегувате и дека се уште не планирате да се врзувате“. Ако им покажете дека не ви е важно дека сте сами, тогаш тоа нема да им биде важно ни на вашите роднини.

5. Уживајте во својата самотија
Сигурно нема долго да бидете сами. Сфатете дека тоа е само привремено и искористете го тоа време само за себе. Добра работа е тоа што за празницие не морате да се прилагодувате и на обврските и желбите на партнерот. Само свртете се кон себе и погледајте ги сите тие двојки. Скоро секој од нив би сакал да се менува со вас барем на кусо време и некое време повторно да ужива во самотијата.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box