gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Измамата некогаш била нешто што не се простува, но се чини дека и тоа со време се промени.

Истражувањето кое го спроведе адвокатската фирма Слатер&Gordon покажа дека 36 отсто од жените веруваат дека партнерот ги измамил барем еднаш, а повеќето од нив се одлучиле тоа и да го проверат.

Една од 10 жени се јавила во канцеларијата на нејзиниот сопруг да провери дали тој е таму, а секоја шестта ја проверувала содржината на неговиот компјутер. Според тоа истражување истото го направиле 24 отсто мажи.

Жените главно почнале да ги проверуваат партнерите откако тие го променувале својот однос или поради лична интуиција, додека мажите станале такви бидејќи жените биле отсутни или избегнувале секс.

Сепак, дури шест од 10 жени изјавиле дека не би ги оставиле своите партнери ни кога би знаеле дека ги лаже со друга, иако исто толкав број признале дека се свесни дека потоа би станале депресивни, параноични и дека тоа многу би влијаело на нивната душевна и телесна состојба.

Но, еден од адвокатите од компанијата која го спровела истражувањето открил, според негово искуство, дека развојот на настаните обично е поинаков од резултатите.

- Постојаното повторување на чувство на разочарување во партнерот поради неговото такво однесување, доведува до нездрава состојба на умот, а таквата состојба до тоа дека една страна мора да ја прекине врската.

Во девет од десет случаи причина за развод била немање на доверба во партнерот. Без доверба луѓето се многу несреќни – заклучува тој.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box