gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Камерниот оркестар „Скопски солисти“ вечер во Универзалната сала ќе го одржи 14-тиот Божикен концерт, кој ќе го води бугарскиот диригент Андреј Андреев. Ќе настапи сопранистката Весна Гиновска-Илкова и Женскиот хор „Рустико“ под водство на Запро Запров.

На програмата, покрај други пригодни композиции, ќе има и три премиерни изведби - Симфонија во Ц-дур на Вивалди, Аве Марија на Качини, Панис Ангеликус од Цезар Франк и популарната украинска божикна Carol of the bells, а меѓу ретките македонски божикни ќе биде Божик слава“ од Запров.

Уметничкиот раководител на ансамблот „Скопски солисти“, обоистот Васил Атанасов, на прес-конференција рече дека концертот ги следи музичките случувања во светот по повод празникот што го слави раѓањето на Христос.

Сопранистката Гиновска-Илкова истакна дека за секој оперски пејач е предизвик да настапува со барокни и вокално-инструментални изведби, покрај со класичните дела.

Во пресрет на 14-тиот Божикен концерт, „Скопски солисти“ промовираше компакт-диск од минатогодишниот концерт, на кој настапија тенорот Благој Нацоски и италијанската сопранистка Марчела Таламанка.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode