gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

„Филмски ноти“  е концертот што по повод празникот Василица, Македонската опера и балет традиционално и оваа година, ќе го одржи на 12 и на 13 јануари, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.

Ќа настапат врвни оперски солисти, естрадни ѕвезди и хорот и оркестарот на Операта и Балетот, кои ќе изведат познати музички нумери од популарни филмови, „Кум“, „Коса“, „Дух“, „Маската на Зоро“, „Телохранител“ и други.

Публиката ќе има можност на сцената да ги види првенката на Операта Весна Гиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Владимир Саздовски, Наде Талевска, Олгица Христовска, Олгица Милевска, Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска, Влатко Лозановски-Лозано, Горан Наумовски, Ѓоко Таневски, Верица Пандиловска, Андријана Јаневска, Елена Петреска, Маја Гроздановска-Панчева, Ана Мицковска, Дејан Бобиќ-Дексо и Александра Јанева.

Концерт мајстор е Верица Ламбевска, а музички продуцент Горан Наумовски.

Mакедонската опера и балет веќе 25 години ја одржува традицијата на одбележување на празникот Василица со пригоден концерт.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode