gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Постојат работи кои можеби не се „политички“ коректни за зборење, но на мажите многу им значат.

Следат 13 такви теми.

Мажите сакаат да зборуваат за секс на почетокот на врската, но не знаат како
Кога уште на вториот состанок би поставил прашања за тоа што ве возбудува и каков секс сакате, веројатно би биле шокирани и би побегнале од него. Тоа им е важно и сакаат да зборуваат за тоа, но се плашат дека ќе помислите дека е нападно.

Поважно им е кои сте, од тоа што работите
Кога зборувате за тоа кој факултет сте го завршиле или за напредувањето во работата, среќни се поради вас, но поради тоа нема да посакаат да бидат со вас. Повеќе ја ценат вашата личност од деловниот успех. Дали сте забавни, љубезни, нежни? Мажите се вљубуваат во тие работи.

Се плашат дека сте заинтересирани само за една работа
Жените се плашат дека тоа е сексот, а мажите дека тоа се парите. Ноќен кошмар им е дека ќе се претворат во паричник на две нозе.

Ако им дадете малку простор, ќе ви симнуваат ѕвезди од небото
На мажите им треба место на кое ќе бидат сами со себе, ќе размислуваат, ќе лечат рани. Тоа нема врска со вас. Ако можете да им обезбедите такво место, ќе знаат дека ги разбирате и ќе бидат подготвени да застанат пред воз за да ве заштитат.

Примаат толку различни сигнали што понекогаш не знаат како да се однесуваат
На работа сакате еднаквост, на состанок да планира и да преземе водство. Во многу ситуации важни се заедничките искуства, но тешко можат секогаш да се планираат и да се предвиди успех.

Не се плашат од врзување, се плашат дека ќе се претворат во „папучари“ на кои жените постојано им приговараат, во какви се претвориле нивните пријатели
Стравот од врзување е погрешно протолкуван. Тие се плашат да бидат со една жена до крајот на животот. Се плашат дека врската ќе ги претвори во нешто што не го препознаваат. Дека ќе престанат да прават работи кои ги сакаат, само поради саканото лице.

Многу им е тешко бидејќи секогаш мора да бидат иницијатори
Се однесуваат како да им е сеедно, но тоа е затоа што немаат избор. Од секогаш морале да бидат подготвени на лов, на преземање на иницијатива и ризик од одбивање.

Сфатете, мажите сакаат да ги поправаат нештата. Ако постојано мора да слушаат за вашите проблеми кои не можат да ги решат, ќе се чувствуваат слабо
Жените понекогаш не сакаат мажот да им понуди решение за некој проблем, сакаат само некој кој ќе ги слуша. Но, тие не можат само да слушаат и да кажат: Тоа е грозно. Сакаат да го решат проблемот и тешко им е да разберат зошто не сте заинтересирани да слушнете решение за проблемот кој ве мачи.

Потребни им се пријатели. Можеби на вас ви изгледа како само да пијат пиво, но тие така емоционално се поврзуваат
За разлика од жените кои се наоѓаат со пријателките и разговараат за љубовта и животот, мажите се наоѓаат и прават разни работи. Гледаат натпревари, играат игрици. Тие дружби се важни за нивното поврзување и такви врски им се потребни, иако понекогаш се срамат тоа да го признаат.

Тоа дека патот до љубовта оди преку стомакот, тоа е точно
Не очекуваат да бидете врвна готвачка, но ако подготвувате вкусна храна и сакате тоа да го правите, за мажот сте полн погодок.

Страствени се околу работи кои за вас се незначајни – автомобили, спорт, игрици. Не мора да ги сакате, но не ги омаловажувајте
На мажите им требаат начини да побегнат од секојдневието кое ги притиска. Можете некогаш да се шегувате на таа сметка, но ако ви помине во навика да ги омаловажувате неговите хобија, тоа може сериозно да наштети на вашата врска.

Поедноставни се од вас, но чувствителни се околу работи кои им се важни
Мажите можеби имаат поедноставни потреби од жените, но тоа што е важно навистина е важно. Да ги прифатите такви какви што се. Да покажувате приврзаност и љубов. Да сте благодарни кога се жртвуваат. Листата варира од мажи до мажи, но тоа е клучно за нивното емоцинално здравје.

Сакаат да бидете среќни
Мажите живеат подолго и многу посреќно ако се во врска исполнета со љубов. Наспроти предизвиците во пронаоѓање на врската и трудот кој го вложуваат таа да успее, тие тоа го сакаат исто толку колку и вие.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box