gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Според најново истражување парите можат да ја купат љубовта, а според научниците - што повеќе заработувате, толку е поголема шансата да пронајдете партнер.

Во новото истражување научниците заклучија: колку ви се поголеми приходите, толку се поголеми шансите дека ќе се вљубите и тоа повеќе од еднаш. Истражувањето што го спроведе компанијата Минтел покажува дека лицата кои заработуваат повеќе имаат поголеми шанси да се вљубат и тоа дури четири до пет пати во текот на животот, а лицата кои помалку заработуваат, поретко и се вљубуваат, па со самото тоа потешко пронаоѓаат партнер.

Студијата покажала и дека луѓето од сите сфери на животот во денешно време имаат повеќе партнери отколку пред неколку години, а на таков став ги охрабрува се попопуларната култура.

Научниците откриле дека луѓето се се понаклонети да заземаат научен пристап при пронаоѓањето партнер со користење Интернет страници за пронаоѓање партнер, кои ги поврзуваат луѓе со исти интереси, па така љубивта што се случува случајно и судбински е се поретка.

Токму тоа објаснува зошто многумина ја изедначуваат љубовта со нечија финансиска ситуација.
Аналитичарот Ричард Куп од Мантел вели: „Фактот дека парите се изнедначени со успехот во љубовта е многу интересен, бидејќи се повеќе луѓе плаќаат разни услуги кои им помагаат во пронаоѓањето партнер. Едноставно, луѓето со повеќе пари имаат и поголеми можности на користење на тие услуги и со самото тоа повеќе успех во пронаоѓањето партнер“.

Историски гледано, партнерите досега ги запознававме или на работното место или во ночните клубови, но денес бесплатните Интернет страници за пронаоѓање партнер се наоѓаат на врвот на пописот.

Дури третина од испитаниците барале љубов преку Интернет, а тоа е дури и изедначено со запознавање партнери преку заеднички пријатели.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box