gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Може ли според обликот на лицето да се „прочита“ интелигенцијата на луѓето? Тим од чешки научници, под водство на Карел Клеиснер од Природонаучниот факултет во Прага смета дека тоа е можно, но само кај мажите, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

Интелигенцијата е од клучно значење за нашиот опстанок. Ако пред умен човек не бидеме внимателни, може многу лесно да не измами. Исто така, за жените, интелигенцијата на мажите е важен водич за признавање на нивниот квалитет, се вели во студијата.

Во неа учествувале 80 студенти (40 мажи и 40 жени) чии лица биле фотографирани со неутрален израз, без употреба на накит и козметика. Сите биле подложени на тест на интелигенција со кој меѓудругото се мери коефициентот (IQ).

Потоа, фотографиите им биле покажани на 160 волонтери кои ја оценувале интелигенцијата и атрактивноста на лицето.

- Нашите оценувачи, мажите и жените го проценија нивото на интелигенцијата со најголема веројатност од фотографиите на мажите, но не и од фотографиите на жените, пишуваат авторите на студијата.

На машките лица главно можело  да се „прочитаат“ два аспекти на интелигенција: т.н. флуидна интелигенција, односно способноста за решавање на логички проблеми независно од стекнатото образование и фигуралната интелигенција која го користи умот при работа со слики и форми.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box