gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Мажите секогаш се обидуваат да дознаат што е тоа што ги прави привлечни во очите на жените.

Токму затоа, неколку студии истражуваа и се обидоа да објаснат кои делови на машкото тело ги привлекуваат жените, а кои воопшто не ги интересираат.

Врз основа на овие студии „Бизнис Инсајдер“ направи список од пет рботи кои дамите прво ги забележат кај спротивниот пол.

1. Симетрија
Мажите кои имаат симетрично лице се попривлечни за жените. Симетријата е знак на добар ген и добро здравје.

2. Глас
Мажите со подлабок глас постигнуват поголем успех кај жените. Подлабоките гласвои оставаат подобар впечаток.

3. Чело
Еволуциските биолози тврдат дека жените сакаат мажи кои имаат високо чело. Тоа секако е доказ за добро репродуктивно здравје.

4. Очи
Лимбалниот прстен околу зеницата исто така е нешто што го забележуваат жените. Студиите покажале дека потемниот и изразен лимбален прстен е попривлечен.

5. Висина
Жените сакаат повисоки мажи. Студијата од Универзитетот во Ливерпул покажа дека мажите кои имаат деца во просек се повисоки од оние кои немаат потомци.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box