gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Лагите се толку присутни во врските, а посебно на самиот почеток на машко-женските односи, кога сите се трудат да создадат што подобра слика за себе, па станаа речиси нормална работа.

Во прилог на овој факт оди статистиката која покажува дека 75 отсто жени и 71 отсто мажи го лажат својот партнер. Меѓутоа, повеќето партнери се свесни за тоа па само 39 отсто дами и 63 отсто џентлмени веруваат на својата посилна, т.е. понежна половина.

Анкетата која била направена во соработка со 100.000 луѓе покажала дека шест од 10 отсто двојки се лажат меѓусебно и тоа најчесто за чувствата.

Статистиките исто така покажале дека најголем број на луѓе лажат на интернет, при запознавање со лице од спротивен пол, при што мажите најчесто лажат за годините, висината и тежината, поради што во просек си одземаат два килограми и зборуваат дека се помлади за една до две години. Жените главно се оптоварени со својата тежина па речиси секогаш во виртуелниот свет си намалуваат и до девет килограми.

Кога се во прашање најчестите лаги, мажите без никаков срам можат да ја убедат жената дека изгледа убаво, иако не мислат така, а жените со тие трикови најчесто се служат кога не се задоволни со изведбата на партнерот во креветот, но не сакаат да му ја признаат вистината. 

Топ 10 најчести женски лаги:
Ништо не ми е, добро сум.
Не знам каде ти е... не го ни допрев.
Не беше толку скапо.
Не испив многу.
Ме боли глава.
Беше на распродажба.
Стигнувам, блиску сум.
Таа маица, фустан, чанта... ја имам со години.
Не, не сум ти го фрлила тоа.
Тоа е она што од секогаш сум го сакала.

Топ 10 најчести машки лаги:
Не пиев толку многу.
Ништо не ми е, добро сум.
Немаше сигнал на мојот мобилен.
Не беше толку скапо.
Блиску сум.
Се заглавив во сообраќајот.
Не, задникот не ти изгледа голем во тие панталони.
Прости ми, не го слушнав твојот повик.
Си ослабела.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box