gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Љубовниот прекин понекогаш предизвикува вистинска физичка болка. Можете да го обвинувате поранешниот колку сакате, но тоа нема да ја намали болката и повреденоста.

Откако сте ја прекинале врската, се чувстувате ужасно и понекогаш мислите дека главата ќе ви експлодира. Ве боли желудникот и око не сте склопиле веќе цела недела. Нема дилема, поранешниот ви го скршил срцето и предизвикал тотална катастрофа. Се ве боли, а причината за болката е во вашата глава.

Ако и инаку сметате дека е грозно да се биде оставен, вашиот мозок тоа го доживува уште потрагично. Дел од мозокот кој се активира кога сте во физичка агонија, се активира при социјално отфрлување, објаснува професорката по психологија Наоми Ајсенбергер од Универзитето Калифорнија во Лос Анџелес. Значи, кога мозокот сигнализира на телото дека сте оставени, тоа навистина боли.
Наплив од хормони на стрес

Вашиот нов соло статус исто така не помага. Кога сте вљубени, одредени делови на сивата маса се преплавени со допамин и окситоцин, хормони кои создаваат чувство на задоволство и среќа, вели професорката на невробиологија Луси Браун, од универзитето за медицина Алберт Ајнштајн во Њујорк. Кога ќе ве остави партнерот, резервите на природните хемикалии кои создаваат чувство на среќа нагло почнуваат да се намалуваат и тогаш станувате подложни на влијание на хормони на стрес.

Во текот на какво било вознемирувачко искуство, мозокот произведува кортизол, епинефрин и други хормони на стрес, кои во ограничена количина ни помагаат брзо да реагираме во опасни ситуации (на пример, кога некој автомобил непрописно и брзо влегува во вашата лента на автопат). Но, во тек на подолга траума, како што е прекин на врска, насобраната количина на тие хормони може да стане штетна. Преголемата количина на кортизол доведува до преголем дотек на крв во мускулите, што предизвикува напнатост и подготвеност за брза акција. Но, бидејќи не треба брзо да реагирате, никаде да не бегате и бидејќи не ви се заканува никаква опасност, под влијанието на тој хормон може да дојде до отекување на мускулите, главоболка, вкочанетост на вратот и незгодни грчеви во градите.

Кортизолот исто така ја пренасочува крвта од дигестивниот тракт, создавајќи проблеми при варењето. Непотребно високото ниво на хормонот на стрес може да го нападне имунолошкиот систем и да ја намали отпорноста на бактериите и вирусите, затоа настинките по прекин на врската се многу чести.

Проблемите зависат и од начинот на кој телото инаку реагира на стрес. Ако имате чувствителен желудник можат да се појават грчеви, губење на апетит или пролив. Ако имате астма, можеби почесто ќе ви треба инхалатор, бидејќи хормоните на стрес можат премногу да ги оптоварат бронхијалните цевки. Ако сте зависнички тип, ќе се појават симптоми на зависник на одвикнување од дрога. Според неодамнешно научно истражување, делот од мозокот кој создава огромна желба за нешто и зависност, исто така може да се активира при прекин на љубовна врска.

Немојте да се изолирате
Но, постои и добра вест! Иако некое време ќе се чувствувате емоционално скршени, можете барем да ја намалите физичката болка. Притоа не предлагаме излегувања цела ноќ, опивање или прејадување и други хедонистички уживања, кои додуша можат да помогнат да заборавите на љубовните маки, но исто така можат да доведат и до уште полоша телесна состојба, забрзано чукање на срцето или екстремен замор. Наместо тоа, во аптека купете благи лекови против главоболка и болки во стомакот, или уште подобро научете некоја техника за опуштање (како што е длабоко дишење), за да го смирите нервниот систем. Контролирајте ги подивените хормони на стрес, одвојте се од креветот и почнете да вежбате. Вежбањето поттикнува зголемување на ендорфинот, хормон на среќа. Јавете се на пријателка за дружба и разговор, тоа поттикнува зголемено ниво на окситоцин кој исто така е потребен хормон.
- Никако не смеете да се затворите во станот – советува професорот по психологија Гери Левандовски од универзитетот Монмоут во Њу Џерси. – Изолацијата која сами сте ја избрале само ќе ја влоши состојбата. Поради тоа ви предлагам повторно да почнете да се бавите со своите омилени активности, бидејќи што било во кое уживате може да доведе до рамнотежа на системот на допамин. Ако старото хоби ве потсетува на моменти поминати со поранешниот партнер, искористете прилика и испробајте нешто целосно ново, што долго сте го посакувале: се што ќе ви го разведри умот може да го излечи телото!

Плачењето е здраво
Кога сме преплавени од чувства, не можеме да ги спречиме солзите. Телото со помош на плачот го исфрла насобраниот стрес кој во спротивно може да го ослаби имунолошкиот систем.
Солзите испраќаат јасна невербална порака дека ви треба внимание! Освен тоа, предизвикуваат сочувство кај другите лица.
Децата од двата пола плачат еднакво често, но поради биолошки причини жените плачат повеќе од мажите. Имено, по пубертетот, женското тело содржи многу повеќе хормон пролактин, кој е главна состојка на солзите. Експертите заклучуваат дека жените можат да создадат солзи и да плачат многу побрзо и почесто од мажите.

Важна фаза е тагувањето
Долготрајното тагување и самосожалување настанало како заштитен механизам кој ги спречувал нашите претци, во емоционално тешки состојби да постапат непромислено, сметаат научниците. Тагувањето по прекинатата љубовна врска е човечки алат со кој љубовта се одржува жива, барем во сопствената глава. Гледањето на стари фотографии создава чувство на поврзаност со поранешниот, дури и ако повеќе не се гледате. Додека гледате романтични филмови со тажен крај и слушате песни за несреќна љубов, ви се чини дека другите ве разбираат и дека не сте сами. Предноста на тагувањето е во тоа што во таа фаза внимателно сецирате се што сте направиле добро, но и го согледувате она што можело да биде подобро. А, тоа може да ги подобри идните врски.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box