gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Жените често претеруваат со употреба на козметички производи, верувајќи дека така ќе ја подобрат нивната ефикасност. Сепак, некои козметички производи, се препорачува да се користат повремено за да не им наштетите на кожата и косата.

Ние Ви откриваме со што не би требало да претерувате.

Пилинг- Неизоставен дел на соодветна beauty рутина, но претерувањето нема да ви донесе ништо добро. Пилинг на телото правете два пати неделно, а пилинг на лице е доволно да направите само еднаш неделно. При претерување со пилинг кожата ќе стане сува, поради што таа ќе почне да произведува повеќе масти за да надокнади за загубата.

Негување со хранливи креми за лице - Хидрантни креми и гелови може да се нанесуваат по потреба, но тие што се со хранливи материи треба да бидете внимателни. Со претерување може да ја "загушите" кожата и да ги затворите порите.

Пудра - За лицето да ви изгледа убаво и уредно, доволен е еден слој на пудра. Два или повеќе слоеви ќе ги нагласат недостатоците и ќе ги затворат порите. Покрај тоа, никогаш не нанесувајте нов слој на пудра над стариот слој.

Производи за обликување коса - гел, пена, восок или лак ќе ја исушат вашата коса, ќе ја направат тешка и без сјај. За да го ​​избегнете ова, производите за обликување користете ги кога ви се потребни во разумна количина.

Маска за коса - Маската за коса е пожелно да се применува еднаш неделно. Премногу често и премногу примена на маска нема да направи ништо добро за вашата коса. Една лажица е доволно за да се покрие коса со средна должина.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box