gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Green Beach Festival и обалата на плажата Парк во Охрид и оваа година се подготвени да ги пречекаат илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи. Грандиозниот електро денс фестивал ја продолжува традицијата како Број 1 летен настан во Македонија и регионот, а во организација на Password Production и Octopussy Entertainment, на 1-ви Август 2014 ќе се одржи петтото издание на настанот кој со својата програма прерасна во една од дестинациите на светската диџеј елита.

Оваа година, на наше особено задоволство и по повеќегодишни обиди, како свој хедлајнер и за прв пат во Македонија, Green Beach Festival конечно има чест да го угости легендарниот Danny Tenaglia- најдобриот њујоршки диџеј со повеќе од 200 продукциски изданија зад себе.

Наскро очекувајте и нови изведувачи од програмата на петтото издание на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ!

Влезниците наскоро ќе бидат достапни во продажната мрежа на МКтикетс.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode