gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

1. Будење со музика
Откако ќе ги отворите очите пуштете ја Вашата омилена песна и дури ако сте станале на „лева нога“ подготвувањето за работа или некои други утрински обврски ќе Ви бидат многу полесни.

2. Утринска рекреација
Никој не бара да џогирате во природа затоа што обично луѓето немаат време за таква активност пред работа, но натерајте се барем десетина минути да си посветите себе си и направете неколку основни вежби пред туширање. Не само што е добро за здравје туку влијае и на доброто расположение.

3. Уживајте во новиот ден
Ако не сте ранобудник и ако самата помисла на станувањето рано Ве депримира, едноставно отворете го прозорецот и излезете на тераса, раширете ги рацете, вдишете длабоко и помислете на нешто убаво што би можеле да го направите тој ден.

4. Не одете лути во кревет
Научниците од Универзитетот во Масачусетс заклучија дека двојките кои одат во кревет налутени имаат тенденција наутро да се разбудат лути и нерасположени, што подоцна се одразува на остатокот од денот. Затоа обидете се сите спорни работи да ги решите пред да си легнете.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box