gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

1. Дебела сум
Незадоволството со сопственото тело дефинитивно е комплекс број еден. Жените се под голем притисок од совршените тела кои ги пласира модниот свет, магазините и филмската индустрија. Нормално е дека во еден период од животот ќе дојдете во ситуација да не можете да изгледате како тинејџерка, па комплексот за дебелина често е неоснован. Мал вишок на стомакот или задникот некогаш може да делува посекси од премногу слабо тело.

2. Млитава сум и имам целулит
Многу малку жени имаат совршено затегнато тело без грам целулит. Тоа обично се жени кои вежбаат и се хранат здраво. Борбата со целулитот стана мисија на секоја жена, а настанува како резултат на неправилна исхрана, гени но и нераздвиженост. Доколку мислите дека манекенките и познатите личности немаат целулит, сетете се само колку нивните фотографии се преработуваат во фотошоп пред да бидат објавени. Совршено затегнато тело обично ги краси професионалните спортистки и оние дами кои повеќето време го поминуваат вежбајќи и водејќи сметка за исхраната.

3. Тенот ми е лош
Бојата на кожа главно зависи, како од генетиката така и од она што го јадете. Многу жени се жалат на бледило, жолткаст тен, флеки, пеги и слично. Можеби некогаш не сте свесни дека сите тие мали несовршености многу подобро ги гледате Вие во огледало отколку што е тоа навистина толку забележливо. Ова лето дозволете и на Вашата кожа малку сончеви зраци и со морска вода ќе изгледате токму онака како што сте сакале отсекогаш.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box