Напишано од Јелена Среда, 13 Август 2014 11:32
Недостаток на интимност
Недостаток на секс речиси секогаш упатува на некои други проблеми кои се чуваат „под тепих“ до момент на ескалација. Едно е да се има период без интимности ако сте притиснати од проблеми, а друго е потполно да го отфрлите сексот од животот. Тоа е знак дека нешто друго во врската не е како што треба.
Тајни
Постои разлика кога партнерите имаат мали тајни или кријат пораки, се допишуваат со поранешните партнери или колеги од работа. Личноста која има такви потреби очигледно е незадоволна во бракот.
Цимери
Кога во својот сопруг не гледате ништо освен цимер со кој го делите просторот за живеење, врската е во опасни води.
Една тема на разговор
Можеби не сте забележале, но Вашите пријатели сигурно го виделе: за ништо друго не разговарате освен за тоа колку сте незадоволни од бракот. Тоа е знак дека Вашиот брод тоне и останува само надеж дека имате толку добри пријатели кои ќе Ве предупредат дека сéуште сте на него.
Изговори
Имате работа која не ја сакате и со задоволство би ја смениле, но и покрај тоа на работа останувате подолго. Не сакате да се вратите дома, сé почесто излегувате со пријателите, обновувате стари и склопувате нови познанства. Тоа е момент да се запрашате зошто во сите тие активности ја нема повеќе саканата личност.
Заеднички активности
Ако некогаш сте имале многу заеднички активности, а сега единстевно го делите креветот тогаш размислете на што сте. Обично кога партнерите се оддалечуваат и не поминуваат одредено време заедно се појавува некој друг со свежи идеи.
Последни објавени во оваа категорија
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- И името влијае на квалитетот на љубовниот живот
- Пет работи кои не сте ги знаеле за бакнувањето
- Изненадувачки и помалку бизарни факти за неверството и измамата
- Сузан Сарандон ја раскина врската со 30 години помладиот партнер