gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

1. Гледаат што Ве прави женствени (ги гледаат добрите страни)

Кога Ве гледаат, веднаш ги забележуваат вашите атрибути кои Ве разликуваат од мажите односно кои се токму карактеристики за женското тело. Гради, колкови, задник, облини... Дури и начинот на кој одите. За еден маж речиси е невозможно на женското тело да забележи други делови освен оние кои зборуваат: ја сум жена. Значи, на таа листа не се наоѓаат предолги ножни прсти, целулит, стрии и слични недостатоци од кои Вие можеби се згрозувате.

2. Забележува што Ве прави единствена

Големата оддалеченост помеѓу предните заби може да му биде шармантна. Додека Ви паѓа расположението кога размислувате за Вашиот голем задник, нему му се допаѓа кога Ве гледа во долен веш. Мислите дека устата Ви е претенка? Тој ја обожава Вашата насмевка и не размислува во ваков стил: „Ох, устата и е малку претенка“. Деловите од телото за кои Вие мислите дека е најдобро никој да не ги види, за него тие претставуваат она што Ве прави единствена. За него тоа се слатки детали, а никако непривлечни недостатоци.

3. Го забележува она на што постојано обрнувате внимание

Ако постојано се жалите на своето тело, покажувате отворено незадоволство со својот изглед и зрачите со имиџ на очајничка, тоа би можело да ја убие неговата желба, односно може да го одбие. Додека тој размислува како цел ден имал можност да ужива во Вашето тело, а Вие му велите „Изгледам како балон“, со тоа ја намалувате неговата желба и ја расипувате романтиката. Делува и спротивно, затоа – сакајте го своето тело.

Запомнете, мажите сакаат природно женско тело. Секако, сакате поради себе да изгледате и да се чвствувате здраво и убаво. Но во меѓу време, немојте да дозволите комлексите да Ве оддалечат од Вашиот маж. Го заслужувате целото внимание и воодушевување кое Ви го покажува.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box