gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

На ракометното игралиште „Женска плажа“ во Струга вечер почнува 42. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2014“.

Турнирот ќе почне со ревијален натпревар меѓу домаќинот Струга и екипата на Металург – јуниор, по што следува свеченото отворање најавено за 19 часот и 45 минути. Ќе следува натпреварот меѓу македонскиот шампион Металург и францускиот прволигаш Кретеј (20:45), каде настапува нашиот репрезентативен голман Борко Ристовски.

Во 22:30 силите ќе ги одмерат годинашниот финалист во Челинџ купот, српска Металопластика и рускиот гигант Санкт Петербург.

Утре ќе се одиграат натпреварите меѓу Азоти Пулави од Полска и Кретеј (19:00), а во (20:45) силите ќе ги одмерат вицешампионите на Македонија и Русија, Вардар и Санкт Петербург.

Во петок на 15 август ќе играат екипите на Вардар и Металопластика (19:00) и Металург со Азоти Пулави (20:45).

Последниот ден од турнирот се предвидени натпреварите за пласман, а финалниот меч е закажан за 21 часот.

Струшкиот ракометен турнир е една од најзначајните спортски манифестации, за која според организторите, говори учеството на познати европски имиња.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode