gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Дознајте што не е пожелно да правите:

Непристојност
Доколку сте учтиви и имате добри манири, немојте тоа да го менувате само за некој да импресионирате. Бидете тоа што сте. 

Зависност
Кога сме вљубени, сакаме секој можен слободен момент да го поминеме со партнерот, но тоа не е добро. Сетете се што сé напавиле семејството и пријателите за Вас до сега и немојте да ги исклучувате од својот живот само поради еден маж. Можете да ги повредите.

Се правите дека сте незаинтересирани
Ако глумите дека Ве инетресира она што инаку не Ви е интересно, многу лесно може да се случи Вашиот партнер да Ве фати како лажете. На пример, ако велите дека сакате фудбал, може да се случи да Ве праша нешто за Вашиот омилен клуб. Никој не вели дека сите ваши хобија треба да бидат исти.

Инфериорност
Ако Вашиот партнер е прегласен, немојте да премолчувате и да се повлекувате во себе. Наместо тоа, потребно е да се прилагоди. 

Глумење
Немојте да се обидувате да оставите лажен впечаток за себе, затоа што и да се случи да му се допаднете на својот партнер, тоа нема да бидте Вие. Дури и ако не му се допаднете такви какви што сте, секако би Ве напуштил подоцна, кога ќе го открие Вашето вистинско лице.

Пцовки
Никогаш не е пријатно да се слушнат жени како зборуваат непристојно. Не се потребни пцовки да докажете дека сте „кул“. Секогаш може да се случи со тоа да го одбиете мажот од себе.

Малку облека
Секому е познато дека девојките во кратки здолништа добиваат ппвеќе внимание. Но ако дојдете на состанок со „крпчиња“, може да се случи мажот да помисли дека сте „лесна“ жена. Ова исто така, нема да помигне да го најдете човекот од своите сништа – не е само убавото тело што ја одржува врската. Особено не дозволувајте некој друг да го забележи Вашиот долен веш, или уште полошо, немање на истиот. Во спротивно, ќе се каете подоцна.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box