gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

На 19 септември извршниот одбор на УЕФА ќе ги одбере 13 града кои ќе бидат домаќини на ЕП во 2020 година. Предлогот на претседателот на ФИФА по повод 60 години од првото европско првенство во фудбал во 2020 година да се игра во 13 града, извршниот одбор на ФИФА го прифати во 2012 година и од тогаш собираше кандидатури за градови домаќини.

Скопје со арената „Филип Втори“ поднесе кандидатура и се очекува да биде избран на 19 септември како еден од 13 града домаќини.

Македонија конкурира за едно од двете места каде се бара стадион со околу 30 илајди гледачи (Филип Втори 33.500). Во оваа категорија се пријавени четири градови, а Скопје ќе биде битка со Копенхаген од Данска, Минск од Белорусија и Баку од Азербејџан. Во Скопје ќе треба да се играат натпревари од групната фаза на европското првенство.

Само два града се кандидирани за организација на полуфиналните и финалниот натпревар. Организаторот на завршницата ќе се бара меѓу Лондон (Англија) со „Вембли“ и Минхен (Германија) со „Алијанц арена“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode