Напишано од Eлена Четврток, 21 Август 2014 12:38
За да биде кожата здрава и убава не Ви е потребно многу. Доволно е да се почитуваат основите на соодветна грижа за да бидете задоволни со изгледот на вашата кожа.
Ви ги откриваме правилата кои не смеете да ги игнорирате.
Чистење - По отстранување шминка на кожата и е потребно да ја исчистите. Изборот на средства за чистење треба да биде прилагоден според типот на кожата. Здравјето на кожата започнува со правилно и редовно чистење, па овој дел од рутината никогаш не го прескокнувајте.
Пилинг - Отстранување на мртвите клетки од кожата е потребно да го правите еднаш неделно за здравје и убавина на кожата. Со пилинг не треба да претерате, бидејќи тоа може да ја исуши вашата кожа или да ја иритира. Ако забележите било какви промени на кожата како што се црвенило, осип, затегнување направете пауза од пилинг од 7 или 10 дена.
Хидратација - Секојдневна хидратација е потребна. Зголемете го ефектот на кремата, така што ќе ја нанесете на влажна кожа. За потопли временски услови, изберете полесни креми кои лесно ќе ја апсорбираат и нема да остават сјај на вашето лице.
Храна - Хранете ја кожата еднаш неделно со маска. Помешајте жолчка од јајце со маслиново масло и нанесете ја на кожата. Маската прилагодете ја според потребите на кожата, но не заборавајте да ја применувате секоја недела.